Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 03. 2018 година, во втората недела од Великиот пост – Неделата на свети Григориј Палама, кога Светата Црква ги празнува светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 03. 2018 година, во втората недела од Великиот пост – Неделата на свети Григориј Палама, кога Светата Црква ги празнува светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, Неговото Високопреподобие Архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 02. 03. 2018, во петокот од втората седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 02. 03. 2018, во петокот од втората седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 02. 03. 2018, во петокот од втората седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението молитвен сооучесник беше Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев), кој овие денови е во посета на Сиднеј. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – …