Мало повечерие со Акатист и Света Божествена Литургија  во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

  На 23. 02. 2018 година во предвечерието на празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. Утредента на 24. 02. 2018, во саботата од првата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Тодорова сабота и споменот на Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски и Света Теодора, во црковната …

Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Среда од Првата седмица на Великиот пост во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 02. 2018, во средата од Првата седмица на Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.