Споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан литургиски прославен во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 01. 2024 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени лебните приноси.

Божиќ во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 07. 01. 2024 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС СЕ РОДИ!                

СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ – ЃУРЃОВДЕН

Како ослободител на плениците, и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души. (Тропар, глас 4) На 06. 05. 2019 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ТОМИНА НЕДЕЛА

Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живо – носни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера ви – каше говорејќи: Ти си најславениот Господ, Боже на отци – те, и наш, благословен си. (песна од канон на Утрена на Антипасха) На 05. 05. 2019 година, во Неделата на Антипасха – Томина недела, во храмовите на Австралиско – сиднејската …

ИСТОЧЕН ПЕТОК (БАЛАКЛИЈА)

Едногласно да го восфалиме непресушниот и живо – творен извор, од кого течат божествени потоци; просејќи благодат, бидејќи тој катадневно точи исцеленија, така што, течењето на реките, во споредба со него, се по – кажува помало. Затоа, пристапувајќи со љубов и верно, од Изворот налеваме неисцрпно здравје, навистина бес – мртно, верно поросувајќи ги срцата на благочестивите. Со усните да повикаме: Ти си утеха на верните! (седален на Утрена во …