Божествена литургија по повод празникот Спасовден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

    Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил Дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот. На 25. 05. 2017 година, кога  го празнуваме празникот Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света божествена Златоустова литургија. На Литургијата …

Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил Дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот.   На 24. 05. 2017 година, во навечерието на празникот Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба. На богослужението учествуваше верен народ. …

Божествена литургија за празникот „Свети Кирил и Методиј“ во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 24. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите словенски просветители и рамноапостоли, браќата Кирил и Методиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Како рамни по нарав на апостолите и учители на словенските страни, богомудри Кириле и Методиј, молете Го Господарот на сè …

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.    

Божествена литургија и прослава за свети Кирил и Методиј во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи света Златоустова литургија. На богослужението учествуваше верен народ, кој се причести со Божествените тајни. После службата се одржа прослава за „Свети Кирил и Методиј“, на која исто …