Акатист во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 31.03.2017 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Перт, Западна Австралија беше отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица во овој Велики пост, на кој чиноначалствуваше протојерејот Станко Јовановски. На богослужението учествуваше многуброен народ. „Јазикот на беседниците не може со песна да те прослави, Владичице, зашто повисоко од серафимите си се издигнала откако Го роди Царот Христос. Него моли Го овој народ да …

Акатист во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 31. 03. 2017 година,  во петтиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ.  

Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 31. 03. 2017 година, во петок од Петтата седмица од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението молитвено учество зеде многуброен народ.  

Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 31. 03. 2017 година,  во петтиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Четврта недела од Великиот пост во храмот „Свети Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 26. 03. 2017 година,  во Четвртата Недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Преносот на моштите на свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; света маченичка Кристина Персијанка; свети свештеномаченик Публиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се …