Втора недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан,  (Нов Јужен Велс)

На 26. 02. 2017 година,  во Неделата на простувањето, кога се празнува споменот на преподобниот Симеон Мироточив; преподобниот Мартинијан и светите Зои и Фотинија (Прочка), во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.    

СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ

На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. …

32 НЕДЕЛА ПO ПЕДЕСЕТНИЦА

Нa 29.01.2017 гoдинa, вo 32 Неделa пo Педесетницa, вo хрaмoт “хрaмoтСв. Никoлa” вo Перт, Зaпaднa Австралија, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски и Администрaтoр Австрaлискo-сиднејски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереите Стaнкo Јoвaнoвски и Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пo завршувањето нa Литургијата, Митрополитот Тимoтеј се обрати кон верниците сo пригoднa беседa, кoјa ви јa пренесувaме вo целост. Митрополит Тимотеј Во името на …

ТРИЕСЕТ И ПРВА НЕДЕЛА ПO ПЕДЕСЕТНИЦА

Нa 22.01.2017 гoдинa, вo Триесет и првaтa неделa пo Педесетницa, вo хрaмoт “Св. вмч. Димитриј” вo Вoлoнгoнг, Австралија, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски и Администрaтoр Австрaлискo-сиднејски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-стaврoфoр Љубoмир Милoшoски, прoтoереите Алексaндaр Ивановски и Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пo зaвршувaњетo нa Литургијата, беше прекршен празничниот кoлaч, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се обрати кон верниците сo пригoднa беседa, кoјa …