MOYA ВО ПОСЕТА НА ТAСМАНИЈА
Членови на младинската организација MOYA заедно со отец Гаврил Галев беа во посета на Тисманија, каде што истражувајќи ја природната убавина во Хобарт се воодушевуваа од Божјите чудесни творби. Посетата на Хобарт заврши со заедничка Литургија со отец Џон Симон од епархијата на ROCOR за Австралија и Нов Зеланд во храмот „Воздвижение на Светиот крст“ во Хобарт, парохија која беше формирана во 1949 година од руски и српски емигранти. Слава …
ВЕРОНАУКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО ЕПИНГ
Во просториите на Македонскиот културен центар при МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг секоја среда се одржува веронаука на македонски јазик за деца од предучилишна возраст.
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА МЛАДИНА НА АВСТРАЛИЈА ОДДАДЕ ПОЧИТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Членови на Македонската православна младина на Австралија – MOYA со положување на свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев во Македонскиот културен центар во Епинг ја одбележаа 121 годишнината од неговата смрт.
Еднодневна екскурзија во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYA) до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк (Викторија)
Денес, на 17. 03. 2018 година, кога Светата Црква го празнува споменот на Преподобен Герасим; Светите маченици Павле и Јулијана; Свети Јаков Постник, во организација на Македонската православната младина на Австралија (MOYА) се организираше еднодневна екскурзија до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, каде, најпрво, учесниците присуствуваа на Светата Литургија и се причестија со Светите Христови тајни. По Литургијата присутните заедно со Архимандритот Гаврил (Галев) и презвитерот Климент Станковски, …
П О К А Н А
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА (МПЦ-ОА) МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА МЛАДИНА НА АВСТРАЛИЈА (МОYА) Возљубени во Господа, ние како раководство на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) ја имаме особената чест да Ви ја доставиме следната: П О К А Н А Ве покануваме на Света Божествена Литургија, пикник за децата во манастирот и прошетка до блискиот водопад и синаксис Литургијата ќе се одржи на 17-ти март (сабота) 2018 …
