ВЕЛИКИОТ ПОСТ – ПАТ КОН ВОСКРЕСЕНИЕТО
Кога човек се спрема да појде на пат, тој треба да ја знае целта на своето патување. Истото се однесува и на Великиот пост. Постот е пред сѐ духовно патување, а негова крајна цел е Пасха (Воскресението, Велигден), „благденот над благдените“. Постот е припрема за „исполнување на Пасхата, како вистинито Откровение“. Затоа, најнапред, мораме да ја разбереме врската помеѓу Великиот пост и Пасхата, оти таа врска ни открива нешто суштествено, …
СВЕТИ ТРИ СВЕТИТЕЛИ
Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи – свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците. Едните го …
ВАЖНОСТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ЗАДУШНИЦАТА
Задушница е ден посветен на молитва за покој на душите на нашите починати роднини. Во црквата секогаш се молиме и за живите и за оние кои се упокоиле, оти тие во Бога се секогаш живи, зошто Господ Исус Христос е Бог на живите, и во Него се живи и оние кои се во овој свет и оние кои се веќе во рацете на Бога. На овој ден посветен на покојните …
СИНАКСАР НА ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПАСХА, ЗА РАСЛАБЕНИОТ
Стихови: Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот. Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во …
ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …
