ЛИТУРГИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ВО СИДЕНХАМ
На 28. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински во сослужение со отец Гаврил отслужи Света Златоустова Литургија со што беше одбележана храмовата слава. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
ПЕТРОВДЕН ВО РОКДЕЈЛ
На 12. 07. 2024 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СВЕТА ТАЈНА ЕЛЕОСВЕШТЕНИЕ (МАСЛОСВЕТ) ВО РОКДЕЈЛ
На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше вечерна Василиева литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. По отслужената Литургија се изврши Светата …
КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО КИНГ ЛЕЈК
На 07. 04. 2024 година, во Третата недела од Великиот пост – Недела Крстопоклона, кога го празнуваме празникот Благовештение, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ
На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
