Честитка од м-р Даријан Сотировски, Директор на КОВЗРГ по повод јубилејот на Архимандритот Гаврил (Галев)

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија м-р Даријан Сотировски упати своја честитка до Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) по повод големиот јубилеј 20 години од ракополагањето во јеромонашки чин. До Архимандрит Гаврил Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија   Ваше Високопреподобие, почитуван отец Гаврил,   Дозволете ми во името на македонските граѓани и во мое лично име да Ви го честитам значајниот …

Во Сиднеј прославен јубилејот 20 години јеромонаштво на Архимандритот Гаврил (Галев)  

На ден 28. 02. 2018, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот апостол Онисим; Преподобен Евсевиј; Света Кирана Солунска ; Преподобните Пафнутиј и Ефросинија; во Црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл – Сиднеј, пригодно од страна на парохискиот свештеник, отец Владо Недески и духовните чеда на Архимандриот отец Гаврил (Галев), како и од сите верници беше организирана прослава на која присутните му го честита јубилејот и му посакаа добро …

Интервју со Архимандрит отец Гаврил (Галев): Да ги надминеме сите наши непријатности и да погледнеме нанапред

Специјално интервју на др. Ананија Ананиевски со Неговото Високопреподобие Архимандритот Гаврил (Галев)[1], игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк по повод  20 годишнината од неговото ракополагањето во јеромонашки чин.  Разговараат отворено за неговиот монашки живот, за неговата љубов кон миленичињата, за проблемите и предизвиците во мисијата при Австралиско-сиднејската епархија, за модернизацијата и напредокот на мисијата, за надминувањето и решавањето на проблемите…    Проследете го интервјуто   1 – Високопреподобен Архимандрите, Вие во далечната …

За отец Гаврил…

И така, каде и да сме, најважно е да ја исполниме Божјата волја, најважно е сите околу нас да го видат сведоштвото Божјо, да го исповедаат Христа, Нашиот Спасител и искрено да Му послужат. Жртвата што притоа треба да ја дадеме не е важна, претрпувајќи ги искушенијата кои треба да го изобразат Христа во нас и во другите. Нема поголема радост и овде и за небесата ако се случи тоа …

По повод јубилејот – 20 години јеромонаштво на Високопреподобниот Архимандрит Гаврил (Галев)

Светиот евангелист Јован Богослов напишал: И оваа заповед ја имаме од Него: Кој Го сака Бога, да го сака и братот свој (1 Јн. 4,21). Во една прилика, пред неколку години, на социјалните мрежи беше објавено дека Игуменот Гаврил (Галев), првиот македонски јеромонах на Австралиското тло, е одликуван од Премиерот на Австралија за неговиот несебичен труд и залагање да ги собере младите македонци и македонки – православни христијани, под крилото …