![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/04/17842119_10208461469364237_1437739572_n-450x458.jpg)
На 09. 04. 2017 година, кога се празнува споменот на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.