Прославен храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)
![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/08/IMG_5257.jpg)
На 28. 08. 2017 година, кога се празнува празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија со што беше прославена храмовата слава.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.