Настани

Екскурзија на Младинската група при црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ – Епинг во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк

На 06. 10. 2017 година, кога Светата Црква го празнува споменот на Зачнувањето на свети Јован Крстител; светата маченичка Ираида; светиот новомаченик Никола Пантопол и светиот новомаченик Јован, Младинската група при црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг со нивниот парохиски свештеник отец Климент Станковски остварија еднодневна поклоничка екскурзија до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк. Децата имаа час во природа и Вечерна богослужба со о. Климент, …

Час по веронаука во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Во понеделникот, на 02. 10. 2017 година, кога ги празнуваме светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; светиот маченик Зосим Пустиник и свети Теодор, кнез Јерославски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) одржа час по веронаука. На предавањето беа присутни повеќе верници и духовни чеда на отец Гаврил, кои во оваа прилика му изразија благодарност за неизмерниот труд и подвиг, кој го вложува во мисија на црквата. …

Години потпрени врз векови

† СТЕФАН, Архиепископ охридски и македонски   Господ Исус Христос го победи светот иго основа Своето Царство – Црквата, за која рече дека портите на адот нема да ја надвладеат .Со тоа вети дека таа, како Негово Царство – ќебиде вечна. Црквата е икона на својот Владетел и Негово вечно почивалиште. Во тоа Царство на Бог Троица, се извршува нашето спасение, нашето осветување и преобразување, нашето обожување. Црквата е домот на …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 01. 10. 2017 година, во 17-тата недела по Педесетница кога го празнуваме празникот Собор на сите македонски светители, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.