Настани

РАСПОРЕД за светите богослужби при МПЦО “Свети Георгиј и Пресвета Богородица” – Епинг во Страсната Седмица и Велигден 2018 / SCHEDULE оf Services for Holy Week and Pascha 2018 at Macedonian Orthodox Church„Saint George & Saint Mary“- Epping

ВЕЛИГДЕНСКА ПРОГРАМА – 2018   Сабота 31. 03. 2018 Св. Лазар Четверодневен; Лазарева Сабота. Божествена Литургија, со почеток во 9:00 часот Недела 01. 04. 2018 Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалем (Цветници) Божествена Литургија со почеток во 9: 00 часот. Четврток 05. 04. 2018 Велики Четврток: Наутро: Божествена Литургија со почеток во 9: 00 часот, а потоа Маслосвет. Навечер: Читање на 12- те Страсни (страдални) Евангелија, изнесување на Распетието …

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 31. 03. 2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четириднецниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Организирана играорна група при МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост

 Во организација на Управата на МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзланд) беше организирана играорна група, која секој петок со почеток во 18:00 часот ќе се состанува и ќе има проби и тренинзи во просториите на салата при храмот. Групата е отворена за нови членови, а членарината е бесплатна. Исто така, освен децата се покануваат и сите возрасни на вечера, пијалок, дружба и забава. На 30. 03. 2018 Македонската играорна …

Света Архиерејска Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

„Лазар, пријателот наш, заспал; целото човештво заспало но ќе отидам да го разбудам“   На 31.03.2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл беше отслужена Света Архиерејска  Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски, протојереј-ставрофор Димче  Ѓорѓиески, …