Настани

Воскресение Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

  Ова е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.   На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на …

Воскресение Христово во храмот „Свeти Јован Крстител“ во Џилонг (Викторија)

Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна. На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот, протојереј Чедомир Илиевски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   …

Воскресение Христово во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, кои сме на земјата, удостој нè, со чисто срце да Те славиме.   На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, …

Велигденско послание

† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE!   Овој е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него![1]   Возљубени празникољупци, Денес велегласно бијат …