Митрополитот г. Тимотеј пристигна во Австралија / Metropolitan Timothy arrived in Australia
Вчера на 27. 03. 2018 година, Митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј заедно со црковната делегацијата од Р. Македонија пристигна во далечна Австралија во доцните вечерни часови, слетувајќи на Сиднејскиот аеродром, каде свечено беше пречекан од неговите духовни чеда, кои во голем број дојдоа да му посакаат топло добредојде и пријатен престој во Австралија. Освен свештенството од Сиднејското архиерејско намесништво и членовите на Епархискиот управен одбор, и многу …
Избрани поуки од свети Климент Охридски
Бог е вечна и бесконечна Светлина, неприкосновена, ниту за умот достижна, ниту со збор искажлива, неопфатна и недопирлива. Таа е просвештение за секое разумно создание. Таа е за духовниот она што е сонцето за видливиот свет. Таа го просветлува овој видлив свет и го прави забележлив за телесните очи. Доколку се осветлуваме, Таа Светлина е чувствувана од нас; доколку е почувствувана, Таа буди љубов кон Себе; и доколку е возљубена, …
Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)
На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.




