Настани

Божествена литургија во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан,  (Нов Јужен Велс)

На 26. 02. 2017 година,  во Неделата на простувањето, кога се празнува споменот на преподобниот Симеон Мироточив; преподобниот Мартинијан и светите Зои и Фотинија (Прочка), во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.    

СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ

На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. …

Репортажа за канонската посета на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј на Австралиско – сиднејската епархија

Во изминатиот периодот од 03 до 29 јануари во редовна канонска посета/визитација на Австралија, односно на Австралиско – сиднејската православна епархија благоволи да дојде нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, кој во придружба со протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски благоволи да посети и богослужи во многу храмови низ епархијата, кои однапред беа предвидени во програма[1]. Митрополитот заедно со …

Краток осврт за канонската посета на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј на Австралиско – сиднејската епархија

Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно. Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова, како роса Ермонска, која паѓа на горите Сионски, зошто таму Господ дал благослов и живот вечен. (Псалм 132) Откако заврши канонската визитација на нашиот надлежниот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски …