Се отпечати книгата „Света Божествена Литургија на свети Јован Златоуст“ – Хорска верзија / The Divine Liturgy of the saint Jonh Chrysostom – Choir version
По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – на 20 декември 2017 година се отпечати книгата „Света Божествена Литургија на свети Јован Златоуст“ – Хорска верзија / The Divine Liturgy of the saint Jonh Chrysostom – Choir version. Книгата е хорска верзија и е наменета за употреба при Литургиските богослужби. Изданието е двојазично: на македонски и на англиски …
Света Божествена Литургија во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 09. 01. 2018 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени приносите.
Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 09. 01. 2018 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани;, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј Александар Ивановски заедно со старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 09. 01. 2018 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени лебните приноси.




