Настани

Известување од Македонската православна црковна општина „Света вмч-ка Недела“ – Голд Кост (Квинзланд)

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА   Австралиско-сиднејската православна епархија секојдневно и засилено работи на постојано развивање на мисијата со цел континуирано унапредување на црковниот живот и обединување и конечно сполотување на Македонскиот народ во Австралија.   МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА  ЦРКВА „СВЕТА ВМЧ-КА НЕДЕЛА“ – ГОЛД КОСТ   Возљубени во Господа, ние како Управа на Македонската православна црковна општина „Света вмч-ка Недела“ – Голд Кост (Квинзланд), ја имаме …

Управата на Македонската црковна општина „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија) со благодарност до сите добродетели на храмот

На 22. 12. 2017 година, јерејот Климент Станковски, кој е старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, од името на Управата на црковната општина се сретна со сите оние кои изминатава година ја поткрепуваа црквата, им се заблагодари од името на сите верници, кои се црквуваат во црковната општина. Нека Семоќниот Бог им ги услиша молитвите, нека им подари здравје, мир и благосостојба во нивните домови.

Ново списание во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во издание на Австралиско-сиднејската епархија: Излезе од печат првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“

Излезе од печат првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“ – посветен на големиот јубилеј „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1967 – 2017)“ По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – излезе од печат првиот број, т.е. двоброј 1/2 од периодиката на  Австралиско – сиднејската православна епархија – списанието „КИНОНИЈА“.  Др. Ананија Ананиевски – …

С О О П Ш Т Е Н И Е

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА   Австралиско-сиднејската православна епархија секојдневно и засилено работи на постојано развивање на мисијата со цел континуирано унапредување на црковниот живот и обединување и конечно сполотување на Македонскиот народ во Австралија.   МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА СОБОРНА ЦРКВА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ – СИДЕНХАМ   Возљубени во Господа, ние како Управа на Македонската православна црковна општина „Успение на Пресвета Богородица“ – Сиденхам, Мелбурн (Викторија), …