Настани

НА СПАСОВДЕН ОТСЛУЖЕНА  ЛИТУРГИЈА ВО КВИНБИЈАН

НА СПАСОВДЕН ОТСЛУЖЕНА  ЛИТУРГИЈА ВО КВИНБИЈАН На 29. 05. 2025 година,  кога Светата Црква ги празнува големиот празник Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, протојерејот Томе Младеновски отслужи Света  литургија. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. Христос се вознесе!  

ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦОТ

За светата личност за која се дрзнувам да пишувам, не сум достоен ниту да помислам, а дури и неговото име го носам и го сквернам. Го молам светителот да ми прости, но и да ме благослови и да ми ја просветли мислата успешно да го завршам пишувањето на ова негово кратко житие, како еден мој најмал дар и благодарност кон него. Потекнуваме од ист град, па дури и од исто …

ТРОПАР НА СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ

Големиот украс на епископите, убавина на светителите, правило на монасите, слава на пустиниците, дарител на милоста, светилник на расудувањето, откако дојдовме, верни, да го прославиме учителот на кротоста, љубител на божественото, премудриот архиереј, великиот светител и отец, Гаврил епископот Велички и новиот Лесновски чудотворец, ѕвездата која ги просветува помрачените луѓе и ги осветлува сите верни. Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов да ги целиваме и да повикаме: …

АКАТИСТ КОН МАЈКАТА БОЖЈА ВО ЕПИНГ

По повод една година од посетата на чудотворната икона на Мајката Божја од Хаваи, која мироточи, на ден 25. 05. 2025 година во вечерните часови во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отецот Гаврил Галев во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Акатист кон Мајката Божја.