ЛАЗАРЕВА САБОТА ВО ВОЛОНГОНГ
На ден 12. 04. 2025 година, кога Православната црква си спомнува за Лазаровото воскресение, во МПЦО „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, Сиднеј, старешината на храмот, протојерејот Борислав Лазов отслужи Света Литургија. На Литургијата присуствуваше многуброен народ.
ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИ ДАРОВИ ВО ЕПИНГ
На ден 11. 04. 2025 година, кога го празнуваме споменот на свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија) и на преподобен Јован Пустиник, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски отслужи Преждеосвештена литургија.
ПРАЗНИКОТ БЛАГОВЕШТЕНИЕ ПРОСЛАВЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ / THE FEAST OF THE ANNUNCIATION CELEBRATED AT THE CHURCH OF “SAINT GEORGE AND THE MOST HOLY THEOTOKOS” IN EPPING
ПРАЗНИКОТ БЛАГОВЕШТЕНИЕ ПРОСЛАВЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ На 07. 04. 2025 година, кога Светата Црква го празнува празникот посветен на Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. /// …
НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА
Недела на Света Марија Египетска е петтата и последната недела на Велигденскиот пост. Со неа започнува последната недела на Светата Четириесетница; се празнува споменот на преподобната Марија Египетска, покајана блудница. После оваа недела доаѓа следи Цветната Недела, по што Црквата влегува во Страстната Седмица. Во четвртокот од оваа недела се чита целиот покаен канон на свети Андреј Критски. Доколку на тој ден се празнува Светото Благовештение, канонот се чита во …




