Настани

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 23. 03. 2018, во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ ВО ТРЕТА КАНОНСКА ПОСЕТА НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА   Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор на  Австралиско – сиднејска православна епархија г. Тимотеј, во придружба на протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ќе ја посетат Австралија во периодот од 27.03.2018 до 22.04.2018. Митрополитот г. Тимотеј заедно со придружниците и парохиските свештеници ќе отслужи свети архиерејски литургии во храмовите, кои што се под негова надлежност и ќе се сретне со некои од Црковните …

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 23. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.