Настани

Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 03. 2018 година, во четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Конон Исавриски; Светиот маченик Конон Градинарот; Преподобен Исихиј Постник; Преподобен Марко Подвижник, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Тропар Оче Јоване, кој на …

Еднодневна екскурзија во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYA) до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк (Викторија)

Денес, на 17. 03. 2018 година, кога Светата Црква го празнува споменот на  Преподобен Герасим; Светите маченици Павле и Јулијана; Свети Јаков Постник, во организација на Македонската православната младина на Австралија (MOYА) се организираше еднодневна екскурзија до манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, каде, најпрво, учесниците  присуствуваа на Светата Литургија и се причестија со Светите Христови тајни. По Литургијата  присутните заедно со Архимандритот Гаврил (Галев)  и презвитерот Климент Станковски, …

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвртата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.