Настани

Задушница во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 10. 02. 2018, во саботата пред Месопусната недела (на Страшниот суд), кога Светата Црква ги празнува Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096), и кога си спомнуваме за упокоените (Задушница), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, отслужи Парастос за сите упокоени браќа и сестри, кои почиваат тука и на секаде. Нека им е вечен споменот!    

Посета на домовите за изнемоштени лица

  На 06. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Преподобна Ксенија; Светиот маченик Вавила; Преподобен Македониј; Преподобен Филон, епископ Кипарски; Преподобен Дионисиј Олимписки, Чудотоворец, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски беше во посета на домовите за изнемоштени лица, на кои им пренесе подготвителни поуки пред почетокот на Велигденските пости.

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.       Икос Секој ден Спасителот ни зборува, за да нè научи со Својот сопствен …

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 04. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.   На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Кондак глас трети   Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, …