НАЈАВА: ВЕРОНАУКА СО ОТЕЦ ГАВРИЛ
Почитувани верници, Ве известуваме дека третиот дел од предавањето „Правилно запознавање на православната вера и живеење“ ќе се оддржи утре, на 30 мај 2024 година со почеток од 18:30 часот во просториите на Македонскиот културен центар во Епинг. Сите сте добредојдени!
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО СИДНЕЈ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Ученици и наставници по македонски јазик на прослава во чест на македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј во македонскиот православен црковен храм што го носи името на светците, 26 мај 2024,Сиднеј. Македонскиот православен црковен храм “Св.Кирил и Методиј” во Сиднеј и оваа година ги отвори вратите за стотина ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во редовните, етничките и средните училишта во Нов Јужен Велс, заедно со нивните наставници, …
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ
На 26. 05. 2024 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Гликерија; Светиот маченик Александар; Преподобните Јован, Ефтимиј, Георгиј и Гаврил Иверски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот ерејот Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СЛОВО НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА МОЛЕБЕНОТ НА ГРОБОТ НА СВЕТИОТ КИРИЛ СОЛУНСКИ ВО РИМ
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Христос воскресе! Ако на небото изгрее нова ѕвезда, дали нема да го привлече вниманието на сите луѓе кои ќе ја видат? Ако таа ѕвезда е силна, дали нема трајно да го задржи погледот и мислата, а можеби и недоумението на човечките срца? Ако, пак, таа ѕвезда никако не потемнува и свети преку цел ден за да …




