![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/04/IMG_0523-e1492258782152-450x600.jpg)
На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.
Кога си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со болскотот на Божеството; а кога и умрените си ги воскреснал од бездните, сите сили небесни Ти викаа: Жизнодавче, Христе Боже наш, слава Ти.