Веронаука во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, Мелбурн

Во Четрвток на 29ти Февруари во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во  Епинг – Мелбурн, отец Гаврил (Галев) одржи предавање на тема: „Правилното Познавање на Православната Вера и Живеење” (прв дел). Во првиор дел, од предвидените неколку предавања, се зборуваше за теориите на потеклото и смислата на животот. Зошто Православната Вера и Црква е едиствено точна и исправна. Потребата од познавањето православното исповедување на варата. Исто така,отец Гаврил и даде краток осврт на историјата на Христијанството.

Ова беше прво предање од циклусот од неколку предавања на оваа тема. Во следното предавање ќе се зборува за „основите на православното Вероисповедување“.

Предвидено е секој последен четврток во месецот да има предавање на различни теми од православното вероисповедување и живеење.