Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 04. 02. 2024 година, во 35 недела по Педесетница, кога Светата Црква ги празнува Соборот на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.