Вечерна богослужба по повод празнувањето на споменот на свети Василиј Велики, архиепископот Кесариски во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 13. 01. 2024 година, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба.

На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите мошти на свети Василиј Велики, архиепископот Кесариски, чиј спомен го празнуваме.

По Вечерната богослужба, свештенството и Божјиот народ традиционално, во спомен на чудото што свети Василиј го извршил во свое време, го разделија лепчето со паричка (василопитата).

По молитвите на свети Василиј Велики, Господи Исусе Христе, помилуј не! Амин.