Вечерна богослужба по повод празнувањето на споменот на Светиот преподобен отец наш Гаврил Светогорец, епископот Велички во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 11. 01. 2024, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува споменот на + Преподобен Гаврил Велички; Светата маченичка Анисија; Преподобна Теодора Цариградска; Светиот апостол Тимон; Преподобна Теодора Кесариска; Преподобниот маченик Гедеон; Свети Дионисиј Закински, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба.

На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од нашето време.

На крај присутните верници му го честитаа именденот на игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) и му посакаа крепко здравје, големи успеси во новото Лето Господово, многу мигови исполнети со радост.

По молитвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец, епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не! Амин.