![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/01/26697077_525069027880528_436978760_n-450x428.jpg)
На 06. 01. 2018 година, кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода (Бадник), во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.