![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/04/IMG_0263-450x338.jpg)
На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија и го изврши чинот на осветување на масло – маслосвет.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.