Божествена литургија за празникот во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 24. 12. 2017 година, во неделата на Светите Праотци, кога го празнуваме споменот на Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.