![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/12/38-1-450x301.jpg)
На 25. 12. 2017 година, кога се празнува споменот на Свети Спиридон, епископ Тримифунтски, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
По Литургијата беа благословени славските колачи.