Преподобен Гаврил Лесновски (28. 01)

Свети Гаврил Лесновски се родил во местото Осечко Поле кај Крива Паланка. Неговите родители биле имотни луѓе и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца, но по нивните молитви милостивиот Бог ги дарувал со машко чедо. Детето добило соодветно образование и брзо напредувало во православната вера ин е се одделувало од Светото Писмо. Кога дошло време да се жени, родителите му нашле девојка од царски род, но …

Митарот/The tax collector

Забележуваме неколку восогласени видa покајно однесување кај митарот: „стоеше оддалеку“, „ни очите да ги подигне“, „се удираше в гради“ и „велеше: ’Боже, биди милостив кон мене, грешниот!‘“ (види: Лука 18, 10–14). Што мислите, која од овие силни и заемно поврзани пројави на покајание најмногу ја открива неговата духовна состојба? Аскетскиот плач по Бог, поинаку речено, големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот …

Во што не помага Бог?

Кај евангелистот Лука има една епизода што зафаќа само два стиха, иако според својата содржина е исклучително важна за разбирањето на многуте ситуации во нашиот живот. Тоа е глава 12. Еден од слушателите Му се обраќа на Христос со молба: „Учителе,  кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“ (Лука 12,13). За човека во тоа време било сосема природно да му се обрати на почитуваниот Учител за …

Закхеј

Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност (види: Лука 19, 1–10). Колкумина од нас се навистина подготвени да се откажат …

Беседа на Богојавлениe

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!   Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава? Или, се качи на висока планина, а многу илјади луѓе  стоеја долу и гледаа на …