Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 07. 05. 2017 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Сава Стратилат; преподобна Елисавета; светите маченици Пасикрат и Валентин; преподобен Тома Јуродив; светите маченици Лука и Никола, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.       …

Уште еден успех на Епархискиот Црковно Просветен Совет на Австралиско-сиднејската епархија

Уште една радост за верните чеда на Австралиско – сиднејската епархија: Излезе од печат првиот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“. ​По промоцијата на официјалната веб страница на Австралиско-сиднејската епархија www.mpcaus.org еве и на овој празничен ден посветен на светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, ја имаме особената чест, по милоста Божја да Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско …

Ѓурѓовден во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.      

Ѓурѓовден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија, со што беше одбележан храмовиот празник. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.        

Ѓурѓовден во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 06. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, протојерејот Александар Ивановски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.