Генерално собрание и избор на ново раководство на МОYА (Македонска православна младина на Австралија)

МОYA (Macedonian Orthodox Youth of Australia), или Македонска православна младина на Австралија, на својот редовен генерален состанок одржан на 29.06.2017 година го изгласа своето ново раководство на органицазијата. За председател едногласно беше изгласан  Отец Гаврил Галев, а за негов заменик и потпретседател Ананија Ананиевски. Потоа за секретарка беше изгласана Даниела Затаракоска, а за благајник Елена Марушевска. Целта на MOYA е да организира и да присуствува на духовни патувања, да присуствува во активности и да …

ПОКАНА ЗА ЈУБИЛЕЈНАТА ПРОСЛАВА

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА   ПОКАНА ЗА ЈУБИЛЕЈНАТА ПРОСЛАВА 08 – 09 септември 2017 година, Сиднеј   ПО ПОВОД „50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО ЛИЦЕТО НА МПЦ – ОА“ (Охрид, 1967 – 2017) и ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (08 септември, 1991)      ПРОГРАМА:  08 септември (петок), 2017 година   19:30 часот Свечена академија со банкет  Македонски …

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 23. 07. 2017 година,  во 7 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите; преподобен Антониј, Киево – печерски, Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 23. 07. 2017 година, во 7 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите; преподобен Антониј, Киево – печерски, Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови …

Својствата на лагата – Митрополит Струмички Наум

Лагата е најголемо сведоштво за отсуство на благодатта Божја. Затоа, лагата е причина за сите наши несреќи. Лагата е и знак за безизлезност и безнадежност. Лагата е безверие. Лагата е бессилност. За разлика од лагата, вистината и благодатта Божја се неразделни. Благодатта е причина за сите наши победи. Благодатта е знак дека ќе го најдеме патот и излезот од која било ситуација. Благодатта е дејствителна вера, и непобедлива сила. Вистината …