КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 07. 04. 2024 година,  во Третата недела од Великиот пост – Недела Крстопоклона, кога го празнуваме празникот Благовештение, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

БЕСЕДА ЗА КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА – МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ / SERMON FOR SUNDAY OF ADORATION OF THE CROSS – METROPOLITAN TIMOTHY

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!   Драги браќа и сестри, Оваа недела, која преставува средина на Великата Четириесетница, уште се нарекува Крстопоклона недела, затоа што за време на Утрената, светиот Крст се изнесува на поклонение насреде црква. Во Светото писмо, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди …

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

БEСЕДА ЗА ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ: НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА – МИТРОПОЛИТ Г. ТИМОТЕЈ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!   Драги браќа и сестри!   Денес светата Православна Црква го прославува споменот на свети Григориј Палама. Црквата го нарекува   чудотворец и светилник на православието, тврдина и учител на црквата, непобедлив богослов над богословите, пофалба на солунјаните,  благодатен поборник и молитвеник пред Бога за нашите прегрешенија – воопшто црквата  немала доволно зборови да го опише неговиот свет и благоугоден живот, и …