ЛИТУРГИЈА НА ПРЕДХОДНО ОСВЕТЕНИ ДАРОВИ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ
Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и да се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинската храна – Телото …
БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА ВЕЧЕРНАТА ПРОШТАЛНА БОГОСЛУЖБА
„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (молитва на св. Ефрем Сирин) На 17.03.2024 година, во Сирната недела – Прочка, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот …
ТОЛКУВАЊЕ НА ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)
Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во посниот триод преку целиот период на великиот пост. Почнувајќи од вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин. Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од 4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу …
Веронаука во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, Мелбурн
Во Четрвток на 29ти Февруари во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг – Мелбурн, отец Гаврил (Галев) одржи предавање на тема: „Правилното Познавање на Православната Вера и Живеење” (прв дел). Во првиор дел, од предвидените неколку предавања, се зборуваше за теориите на потеклото и смислата на животот. Зошто Православната Вера и Црква е едиствено точна и исправна. Потребата од познавањето православното исповедување …
Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 04. 02. 2024 година, во 35 недела по Педесетница, кога Светата Црква ги празнува Соборот на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
