БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА ВЕЧЕРНАТА ПРОШТАЛНА БОГОСЛУЖБА
„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (молитва на св. Ефрем Сирин) На 17.03.2024 година, во Сирната недела – Прочка, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот …
ТОЛКУВАЊЕ НА ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)
Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во посниот триод преку целиот период на великиот пост. Почнувајќи од вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин. Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од 4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу …
Веронаука во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, Мелбурн
Во Четрвток на 29ти Февруари во просториите на “Македонскиот Културен Центар” при црквата “св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг – Мелбурн, отец Гаврил (Галев) одржи предавање на тема: „Правилното Познавање на Православната Вера и Живеење” (прв дел). Во првиор дел, од предвидените неколку предавања, се зборуваше за теориите на потеклото и смислата на животот. Зошто Православната Вера и Црква е едиствено точна и исправна. Потребата од познавањето православното исповедување …
Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 04. 02. 2024 година, во 35 недела по Педесетница, кога Светата Црква ги празнува Соборот на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Именденска честитка од името на Епархијата до надлежниот архиереј г. Тимотеј
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА До: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Tимотеј „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“. (Матеј 5,16) Ваше Високопреосвештенство, ја имамe особената чест да Ви се обратиме со следнaтa: Ч Е С …
