СЕ ОТВОРИ НОВА ЦРКОВНА ПРОДАВНИЦА ПРИ ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)
Денес, на 28. 03. 2024 година при храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија) се отвори нова црковна продавница како најнов проект на оваа црковна општина. Во продавницата може да се најдат икони, книги, бројаници и други црковни предмети. Црковната општина изразува своја благодарност за реализацијата на овој проект до MOCMV и до MIJAK-Construction.
ПРВА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)
На 24. 03. 2024 година, во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, кога се празнува споменот на светите Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски; Светиот маченик Пиониј и другите со него; Преподобен Георгиј Синаит, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите …
ТОДОРОВА САБОТА ВО ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО БРИЗБЕЈН (КВИНЗЛЕНД)
На 23. 03. 2024 година, кога се празнува празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА ТОДОРОВА САБОТА
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Првата сабота од Велигденскиот пост, нашата света Црква ја нарекува Тодорова сабота. Ова име го добила според еден немил настан што се случил во почетокот на IV век, за време на императорот Јулијан Отпадник. Како што знаеме, овој византиски император сакал христијанството да го истреби и повторно да го воведе многубоштвото,и покрај силниот отпор од христијаните. …
МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА
На 22.03.2024 година, во првиот петок од Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј – Нов Јужен Велс, старешината на храмот, протојерејот Игор Младеновски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!
