![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/04/29595042_332797770576955_712857953261333151_n-450x338.jpg)
„Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!”
На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.