![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/05/IMG_1976-450x338.jpg)
На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.