Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.