![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/02/27867823_313765049146894_1075754614790242059_n-450x600.jpg)
На 18. 02. 2018, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на Светата маченичка Агатија; Светата маченичка Теодула; Свети Полиевкт, патријарх Цариградски – Прочка, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.