![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/04/17857184_10208482725935638_2029951577_n-450x423.jpg)
На 12. 04. 2017 година, во светата и велика Среда од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови.
На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.