Настани

Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил Дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот.   На 24. 05. 2017 година, во навечерието на празникот Вознесение Христово – Спасовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба. На богослужението учествуваше верен народ. …

Божествена литургија за празникот „Свети Кирил и Методиј“ во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 24. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите словенски просветители и рамноапостоли, браќата Кирил и Методиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Како рамни по нарав на апостолите и учители на словенските страни, богомудри Кириле и Методиј, молете Го Господарот на сè …

Житие на Епископот Велички Гаврил

За светата личност за која се дрзнувам да пишувам, не сум достоен ниту да помислам, а дури и неговото име го носам и го сквернам. Го молам светителот да ми прости, но и да ме благослови и да ми ја просветли мислата успешно да го завршам пишувањето на ова негово кратко житие, како еден мој најмал дар и благодарност кон него. Потекнуваме од ист град, па дури и од исто …

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.