Настани

Божествена литургија и прослава за свети Кирил и Методиј во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 21. 05. 2017 година, во 6-тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов; преподобниот Арсениј и на света Емилија, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи света Златоустова литургија. На богослужението учествуваше верен народ, кој се причести со Божествените тајни. После службата се одржа прослава за „Свети Кирил и Методиј“, на која исто …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 05. 2017 година, во 6–тата Недела по Воскресение (на Слепиот), кога го празнуваме споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов; преподобниот Арсениј Велики и света Емилија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.    

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 17. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска; светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; преподобен Никифор, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, Митроплит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско- Сиднејски, отец Гаврил ја отслужи својата прва литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, кој е најстариот македонски манастир на …

Осветување на новите простории на Македонското Добротворно Друштво (MWCA)

Со благослов на Неговото Високопресвештенсво г. Тимотеј, игуменот Гаврил (Галев) на 16. 05. 2017 година ги освети новите простории на Македонското Добротворно Друштво (MWCA –  Macedonian  Welfare Community Association), кои долги години несебично се залагаат за доброто на македонската заедница во Австралија. Им посакуваме уште поголеми успеси.