Настани

ПЕТТИ АКАТИСТ ВО СИДЕНХАМ

На 04. 04. 2025 година, во петтиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението беа осветени лебните приноси – петолебија. Пресвета Богородице моли Го Бога за нас!

ЗОШТО СЕ ПРИНЕСУВА ПЕТОЛЕБИЕ?

Лебот е најдрагоцен дар на олтарот. Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привилегија зa домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат. Само …

БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Бог се што створил, створил добро и за вечно постоење. Меѓутоа, како што гледаме, не изгледа се така добро. А зошто не е така? Затоа што ние ја прекршивме Божјата заповед на пост и молитва, односно се одделивме од заедницата со Бог која што единствено прави сѐ да е добро, и која што единствено сѐ приведува во хармонија. Надвор од (заедницата со) Бог е хаосот, надвор од Бога е гревот …

ПОМЕН ЗА УПОКОЕНИТЕ И ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛБУРН

На ден 30 март (недела) 2025 година пред споменикот на Гоце Делчев во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг за време на донаторската акција за настраданите во Кочанската трагедија, која беше организирана од повеќе македонски друштва од Викторија, македонското свештенство при Австралиско-сиднејската епархија отслужи помен за покој на душите на сите трагично упокоени Божји чеда.