Настани

Беседа за Велики петок – Родион Путјатин, популарен Руски проповедник

Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …

Велики петок во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени мириси го миропомазува и во нов гроб го полага. Затоа жените мироносици, откако поранија, извикаа: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.   На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Царски часови …

Велики петок во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело?   На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Слава на Твоето долготрпение Господи!   На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на старешината на храмот презвитерот Игор Младеновски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.